Почитувани корисници,
Достапна e нова верзија од Prima MEDICA v4.6.4
Во новата верзија е имплементирана промена во начинот на пресметка на бројот на пациентки кои влегуваат во планот за реализација на цел за рано откривање на малигни заболувања кај избран лекар.
За оваа цел во бројот на планирани пациентки влегуваат:
30% од популацијата на осигурени жени за една година со неможност да се реализира истата цел на истите осигуренички кои имаат реализирано цел во последните три години
Исклучени се сите пациентки за кои ординацијата има издадено СУ2 – Цитолошка лабораторија за извршување на ПАП тест во последните три години
Можност за рачно исклучување на пациентки од планот од страна на матичниот лекар, со образложение дека тој поседува уредна хартиена документација за направен ПАП тест на пациентката. Упатството како се прави исклучување во Prima MEDICA е на следниов линк.
Овие начини на пресметување на бројот на планирани пациентки за реализација на цел се усогласени и одобрени на состанокот на ЗПГАМ и ФЗОРСМ, одржан на 20.03.2024 година.
Ви благодариме на соработката.
Листа на измени и корекции во новата верзија
Преземи Prima MEDICA v 4.6.4G (offline верзија)
Преземи упатство за инсталација